x

И Николов потпиша нов договор со Џио Струмица

risto-nikolov

Средниот блокер Ристо Николов потпиша нов договор и ќе остане член на Џио Струмица и во следната сезона. Последниот освојувач на двојната круна кај нас и нашиот одбојкарски репрезентативец решија да ја продолжат соработката, а неговото присуство во тимот да му помогне на тренерот Кире Ричлиев да создаде тим за остварување на клупските амбиции во сезоната 2020/2021.

Претходно, раководството на Џио Струмица потпиша договори со Владо Милев и со Васе Михаилов со што значително ја засили конкуренцијата на примачката позицијата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата