Партијата на претседателот Мило Ѓукановиќ не се откажува од власта. Иако ги загуби изборите, тој има план како да дојде до мнозинство во Парламентот. Иако гласовите се уште се бројат, ДПС ќе има еден или два пратеници помалку, но Ѓукановиќ сака да купи пратеници за да обезбеди мнозинство, пишуваат српските медиуми.

Потпупот почна уште пред избори кога на паркинзи се делел кеш. Секој глас за Ѓукановиќ се плаќал 200 евра. Се гласало и со неважечки лични карти и пасоши. Постои сомнеж и дека на Избирачкиот список имало околу 40.000 фантомски гласачи.

Според првичните податоци од Центарот за мониторинг и истражување на Црна Гора, Демократската партија на социјалистите, врз основа на 95 проценти од обработениот материјал, освоила 30 места, објавија медиумите.

На парламентарните избори коишто се одржаа вчера , коалицијата „За иднината на Црна Гора“ има 27 мандати (32,6 проценти). ДПС освоиле 35 отсто од гласовите.

Според податоците на Државната изборна комисија, Демократската партија на социјалистите освои 35,2 отсто од гласовите, но сама, ниту со своите досегашни коалициски партнери, не може да формира парламентарно мнозинство.

Коалицијата предводена од Демократскиот фронт, заедно со уште два други опозициски блока, има тесно парламентарно мнозинство со 41 од 81 место во црногорскиот парламент.

Коалицијата „За иднина на Црна Гора“, предводена од Демократскиот фронт (ДФ), освоила 32,5 проценти од гласовите, алијансата „Мирот е наша нација“ добила 12,5 проценти од гласовите, додека граѓанското движење „Црно на бело“ е поддржано од  5, 57 проценти од гласачите.

Според досега објавените резултати, постоеше мртва трка помеѓу владејачката ДПС и главната опозициска коалиција, а во одредени моменти предноста ја имаше коалицијата „За иднината на Црна Гора“.