x

И МЗТ Скопје тргна со пораз, падна пред Подгорица

mzt-podgorica

МЗТ Скопје со пораз ја отвори новата сезона во АБА 2- лига беше поразен од Подгорица со 72-74 во доста неизвесен натпревар (12-16, 28-22, 22-21, 10-15). Македонскиот тим имаше шанса за триумф, во поголем дел од мечот имаше и водство, но попушти во важните моменти, новиот обид за радсот ќе има против Сутјеска во четврток.

Бојиќ со 24 поени беше прв стрелец, 20 од нив ги постигна во првото полувреме, Готчер запиша 21 поен.

Скромна прва четвртина одиграа двата тима, избраниците на Ѓорѓи Кочов трнаа со 4-0, позитива која ја имаа подоцна 8-4, но пред крајот противникот со шест поени во низа поведе со 12-16. Подгорица имаше и водство од пет поени (14-19, 17-22), но кошаркарите на македонскиот клуб не дозволија мечот рано да се реши.

Со серија од 7-0 на крајот на втората четвртина и почетокот на следниот период го превземаа водството (45-38). Позитива од седум поени имаа и пред истекот на 29 минута (61-54).

Оваа игра не беше доволна, Црногроскиот состав ја отвори последната четвртина со 2-8 и поведе со 64-67 за драма во последните шест минути. Олуџоби ги разбуди своите, па со неговите поени МЗТ Скопје поведе со 70-69. На другата страна следеше веднаш одговор, со четири поени во низа, противникот поведе со 70-73, Кочов повика тајм-аут, Гравет реализираше за 72-73.

Не успеа МЗТ Скопје да дојде барем до продолжение, Црногорците реализираа едно слободно фрлање за 72-74.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата