Производството во кинеските фабрики нагло се намали во април поради заострените услови за кредитирање во втората најголема економија во светот.

Индустриското производство порасна во април за 6,5 отсто во однос на ланската година, објави Државниот завод за статистика НБС, во однос на растот од 7,6 отсто во март и наспроти прогнозата на аналитичарите во анкетата на „Блумберг њуз” дека растот ќе биде 7,0 отсто.