x

И Италијанците ги отвораат стадионите: Од септември фудбал со гледачи во Серија А

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, најави дека фудбалските стадиони на Апенините би можеле да се отворат во септември, со ограничен број на гледачи на трибините поради пандемијата на коронавирусот.

По паузата од неколку месеци, фудбалот продолжи низ цела Европа, но во повеќето земји натпреварите се играат без присуство на публиката. Како што слабее пандемијата во Италија, министерството за спорт подготвува нови, олеснети протоколи, кои можат да ги вратат навивачите на стадионите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата