Оние кои бараа сродна душа пред пандемијата знаат дека тоа е тешка работа. Да се ​​најде партнер денес е задача со повеќе препреки. Барем така изгледа. Се знаеме подобро од кога било, знаеме многу за некого дури и пред да го запознаеме, а сепак сме сами.

И покрај толку многу контакти на социјалните мрежи, сепак се прашуваме колку е тешко да се најде вистинскиот. Зошто? Па, затоа што една слика на социјалните мрежи понекогаш може да измами и кога ќе се сретнеме во живо, ние всушност сфаќаме дека некој не е за нас.

И се чини дека сега во ерата на короната не можеме да си го дозволиме тој луксуз или да запознаеме никого. Рестрикциите и мерките се помалку овозможуваат да се сретнете барем случајно. И што ни останува тогаш – социјалните мрежи и другите платформи, како единствен спас во овој момент.

Џереми Коен, ја раскажа својата карантинска приказна. Имено, тој бил заглавен во неговиот стан во Бруклин и во еден момент спроти неговиот прозорец на покривот на друга зграда започнал да гледа девојка. Потоа започнал лесен флерт, насмеани еден кон друг, и веќе имало искри, дури и на тоа растојание. Не можеле да викаат, не можеле да се видат одблиску, но презеле нешто многу поинтересно! Имено, тој и испратил дрон на нејзиниот покрив со неговиот број и порака „пиши ми“ и може да го замислите тој ентузијазам. Ова момче навистина вложи напор и заслужува шанса!

Кога ќе се слушне нејзината приказна, сè изгледа уште поинтересно. Така, нејзините денови ги поминала во станот гледајќи  Нетфликс со својата цимерка, сакалаа да направи пауза за танц и излегла на покривот да игра.

Потоа нивната приказна беше споделена на Тик-ток, а потоа беше снимен и нивниот прв виртуелен состанок! Каква револуција во светот на социјалните мрежи! Сите мислевме дека тоа ќе се случи еден ден, но не заради короавирусот, туку заради секојдневието на модерното време.

Овие двајца млади имаа среќа. Се совпаднаа многу коцки. Но, бидете трпеливи, можеби сега е вистинското време да се прашувате што сакате, кога сакате и колку. И можеби тоа е вистинско тропање на вратата на вашите социјални мрежи.

Тука има повеќе стапици, но секако е добро да се комуницира. Така барем не чувствуваме дека сме сами. Во овој момент, многу парови се разделени и тоа е единствениот начин за нив да комуницираат, да ги споделат своите стравови и желби.