x

И играчите на Шалке се согласија на намалување на платите

Германскиот фудбалски клуб Шалке 04 објави дека постигнале договор со фудбалерите за намалување на платите за извесен процент (не е соопштено колку) до 30 јуни 2020 година со цел за солидарност кон останатите вработени како и стабилизација на финансиите за време на кризата со корона вирусот.

Шалке е само уште еден германски клуб кој влезе во друштвото на оние кои ги намалија платите на фудбалерите за да ја одржат финансиската стабилност во клубовите.

Во Шалке работат околу 600 луѓе и клубот планира така и да остане, а со оваа мерка ќе се постигне и тоа.

Играчите, стручниот штаб но и директорите се свесни за одговорноста која е пред нив. Сега е време да се покаже солидарност и лојалност“, изјави спортскиот директор Јохан Шнајдер.

Пред нив Баерн, Борусија Дортмунд, Менхенгладбах и Унион Берлин постигнаа договор со играчите за кратење на платите и бонусите за да им помогнат на клубовите во ова тешко време.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата