x

И Елмас со „десетката“ на Марадона

elmas-dres-maradona-e1606420977939-1024x581

Наполи игра со Ријека во рамките на 4. коло на Лигата на Европа, но главна вест овие два дена е смртта на Диего Марадона, некогашниот легендарен играч на овој клуб. Марадона остави длабока трага во Неапол, па затоа и навивачите го испратија со огномет, песни и цвеќе и реликвии поставени пред стадионот „Сан Паоло“.

А фудбалерите излегоа со дресови со десетка на грбот во чест на маестрото од Аргентина. Елиф Елмас е во првиот тим и тој на грбот ја носеше „десетката“ што некогаш ја носеше големиот Диего.

Откако му оддадоа почит, фудбалерите си ги облекоа своите стандардни дресови затоа што правилата не дозволуваат да се носат дресови со ист број.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата