Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се вели во дневниот извештај на Министерството за здравство, си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се  и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.