Ким Кардашијан  гостувајќи во емисија проговори за немил настан, односно, за грабеж кој го доживеала кој оставил голема траума врз неа, а сето тоа се случило во Париз пред четири години.

Таа во емисијата на Дејвид Летерман откри дека крадците држеле пиштол вперен во нејзината слепоочница стравувајќи дека нејзината постара сестра Кортни подоцна ќе ја најде мртва во собата.

Старлетата таа ноќ престојувала во хотелска соба, додека Кортни се забавувала со нивното единствено обезбедување.

Ким рече дека таа година го спакувала целиот свој накит за Париската модна недела, што е нешто што никогаш порано не го сторила.

– Околу 3 часот наутро, слушнав тропање по скалите и поради тоа ме фати паника, изјави Ким. Таа се сеќава на моментот кога еден од разбојниците ја грабнал додека таа беше гола под нејзината наметка, плашејќи се да не биде злоставувана или убиена.

– Бев како, во ред, ова е моментот кога ќе ме силуваат. Ова ќе се случува, само подготви се. Потоа тој ми стави лисици на рацете, а потоа ми ги залепи устата и очите, рече старлетата.

Само откако биле уапсени разбојниците, Ким открила дека ја следеле две години пред грабежот и дека се обиделе да ја нападнат претходно, но Кање бил со неа.

– Имаше цел тим од луѓе што го планирале ова, открила старлетата.