x

И Грузија има сериозен проблем: Стрелецот од Скопје позитивен на Ковид-19?

kvarachelia

Неколку грузиски медиуми денеска објавија дека човекот кој го постигна голот за Грузија на последниот меч со Македонија во Скопје (1:1), Хвича Кварацхелиа бил позитивен на последното тестирање за Ковид-19. Информациите не се официјално потврдени, па затоа се чека официјалниот став од Грузиската федерација.

Сепак, како што пишуваат тамошните медиуми, еден факт оди во прилог на објавената информација – Хвича го пропуштил вчерашниот тренинг, а не се појави ниту на фотографирањето. Засега од репрезентацијата на Грузија не ја коментирата веста.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата