Зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење за Северна Македонија, порача британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска на Твитер, споделувајќи ја завчерашната објава на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет” и борбата против корупцијата.

– Зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење на Северна Македонија и можност за независните институции да покажат посветенсот на правдата за сите граѓани, објави на Твитер британската амбасадорка Галовеј.