И вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство Венко Филипче е негативен на коронавирус, информираат од ресорното министерство.

„Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на Ковид-19, кој исто како и првиот е негативен. Со ова, практично, завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик“, посочи мистерот кој додаде дека од денеска продолжувa со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство.

„Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката“, потенцираше Филипче.

 

 

 

 

извор: Makfax