x

И во ГРК Охрид заразени со КОВИД-19

ohrid-frk

Се зголемува бројот на заразени ракометари во најсилната македонска ракометна лига. Денеска ГРК Охрид соопшти дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на вирусот КОВИД-19. Тие се изолирани и се во добра здравствена состојба.

Од утре ќе бидат тестирани и другите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата.

Претходно Струга, КЛ7 и Радовиш пријавија позитивни членови. Сите овие играат во групата А која е ставена во мирување 15 дена.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата