Од Центарот за јавно здравје од Велес информираат дека денеска има уште еден регистриран со Ковид-19 со што бројката на заразени досега изнесува 127, од кои активни се 52.

Од Инфективното одделение при велешката Општа болница, како што информира за МИА портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, денеска се испишани двајца оздравени пациенти, а вчера бил излекуван уште еден.

Моментално на лекување на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес се 20 пациенти и сите со потврден Ковид-19.