x

И Виљареал направи рекорден трансфер: Алкасер е нов бомбардер на „подморницата“

Виљареал ова попладне го заокружи трансферот на шпанскиот напаѓач Пако Алкасер. Напаѓачот на Борусија (Д) потпиша договор со „жолтата подморница“  за остатокот од сезоната и наредните пет години во кои ќе го носи жолтиот дрес.

Сумата на трансферот изнесува 25 милиони евра што го прави најскапиот трансфер на Виљареал уште од оние 20 милиони кои ги плати за Жерар Морено во 2018 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата