Екипата на Вардар ќе има огромна поддршка од трибините во Сегедин, а на овој дуел ќе ја има поддршката и од својот некогашен тренер. Веселин Вујовиќ пристигна да го следи дуелот и тоа беше шанса за фановите на „црвено-црните“ веднаш да го обиколат и да направат фотографии со него.

Ова е голем ден за Вардар и секако шанса да се дојде до учество на уште еден Ф4 турнир. Ракометарите се подготвени за голем ден и затоа секој фан на Вардар на трибините ќе иде добредојден.

Колку Вардар е во срцето на Веселин Вујовиќ и не треба посебно да се потенцира. Тоа е сосема јасно и добро познато така што не изненадува.

Не е изненадување ниту присуството на коментаторот на ЕХФ, Том О’Бранаген кој исто така се фотографираше со навивачите на Вардар.

Извор:24ракомет.мк