Легендарниот капитен на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез е убеден дека неговиот поранешен тимски колега, Лионел Меси е најдобар фудбалер на сите времиња иако не ја освоил светската титула со репрезентацијата на Аргентина.

Како предводник на Барса, искусниот играч за врска освои девет шампионски титули во Шпанија, четири во Лигата на шампионите и два пати славеше на Светските клупски првенства.

Лео е најдобриот фудбалер со кој што сум настапувал и ќе биде најдобар и без да освои наслов од Светско првенство. Со Меси се е како што треба И за време на подготовките, а во натпреварите е најдобар, постигнува преубави погодоци на различни начини, додава, изнудува фаули, изјави Чави.

Меси оваа сезона на 37 натпревари постигна 37 погодоци, а неговиот тим е во игра за сите трофеии како на домашната, така и на меѓународната сцена.