Италија планира да го прошири пакетот мерки со кои ќе сака да ги ублажи последиците од епидемијата на коронавирусот, најавувајќи прекин на плаќањето на режиските трошоци, даноците и хипотеките. Владата ќе одобри мерки од 10 милијарди евра, рече министерот за економија, Стефан Патуанели.

Тоа би значело дека ќе издвојат 2,5 милијарди евра повеќе од што е планирано досега. Првиот круг од мерките ќе предвиди прекин на плаќањата на режиските трошоци, даноци и хипотеки, за да се ублажи притисокот на малите компании и домаќинства.

Останатите мерки дополнително би биле воведени.

Ќе бараме да се сменат правилата, во спротивно луѓето ќе умираат, нагласи италијанскиот министер.