Екс претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, преку ФБ информира дека 5 потпретседатели на 120 пратеници е премногу, и дека таква пракса нема ниту во парламентите со 600 пратеници, туку со 700.

Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт а како е сега.

Во време на претходната власт:
2006-2008 година – 3 потпретседатели
2008-2011 година – 3 потпретседатели
2011-2014 година – 3 потпретседатели
2014-2016 година – 3 потпретседатели

За време на сегашнава власт:
2016-2020 година – 5 потпретседатели
2020-2024 година – 5 потпретседатели

Примери во други држави:
– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател
– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели
– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели
– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели
– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели

Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија !!!!!!!!!

Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието.

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека тој и Љупчо Николовски, се откажуваат од патните трошоци во Собранието.

Математички во пари, тоа изгледа вака: еден потпретседател во Собрание со повисока плата, секретарка, шофер, возило, репрезентација за службен ручек итн. чини 4.000 евра месечно. Пет потпретседатели = 20.000 евра месечно, односно годишно 240.000 евра!

Тоа значи дека откажувањето на Заев и Николовски од патни трошоци му доаѓа како ефтина реклама.