x

Италија остана само желба за Иџе

Нашиот најдобар автомобилист Игор Иџе Стефановски нема да патува за Италија со својот екипаж и нема да настапи на трката на патеката Муџело. Ова нашиот автомобилист предмалку го соопшти објаснувајќи ја ситуацијата како невозможна во овој момент, да се отпатува таму и да се одработи планираната трка.

„Направивме се’. До последен момент, очекувавме дека веројатно ќе може да патуваме во Италија и викендов да возам на патеката Муџело.

За жал, денес веќе дефинитивно е јасно, дека на оваа трка нема да учествувам. Направивме се’ што можевме. Покриени се сите трошоци за котизација, со цел да може да обезбедиме учество. Го подготвивме автомобилот кој ги има потребните перформанси за трка. Ја контактиравме амбасадата на Италија. Разгледувавме алтернативи, барајќи можност, до последен момент. За жал, безуспешно.

Нашата земја се најде на списокот на земји, чии граѓани поради пандемијата од коронавирусот, добија забранет влез во Италија.

Верувам дека во следниот период годинава, јас заедно со мојот автомобил и мојот тим, ќе може да бидеме дел од меѓународните тркачки предизвици. Целата енергија и напори ќе ги фокусираме кон ТЦР шампионатите низ Европа. Силно сум убеден дека ќе успееме да бидеме дел од следните трки“ – се вели во соопштението од таборот на Стефановски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата