x

Италија нема да има шампион во кошарка годинава

Според сите случувања, а и информации од денешниот број на „Газета дело Спорт,“ италијанскиот кошаркарски шампионат нема да продолжи и оваа земја, со тоа што нема да се прогласува првак оваа сезона.

Сите клубови во моментов мируваат, ситуацијата со коронавирус не ветува дека може да се направат услови за одигрување на оние кола кои останаа до крајот, па следните закажани подготвоки ќе бидат за сезоната 2020/21 година.

На тековната табела прв е тимот на Виртус, додека пак втор е тимот на Динамо Сасари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата