Околу 21 милион луѓе во Италија се соочуваат со финансиски тешкотии заради блокадата во таа земја, а милиони повеќе остануваат без приходи среде пандемијата на коронавирусот, според последното истражување објавено денес.

Поради блокадата, околу 3,7 милиони работници останаа без никаков приход во Италија, со скоро седум милиони граѓани кои живеат на 500 евра месечно по бруто заработка, се вели во извештајот на Универзитетот во Тоскана во регионот Лацио.

Општите карантински мерки во Италија се продолжени до 3 мај, по што се очекува производствените активности да започнат постепено.