Италијанската државна агенција за заштита на депозити и кредити (Cassa Depositi e Prestiti, CDP) и нејзината извозна агенција Sace ќе бидат овластени годинава да дадат гаранции за банкарски заеми во вредност од 200 милијарди евра.

Според нацрт-регулативата на италијанската влада, дo која дошла агенцијата „Ројтерс“, државниот трезор ќе формира наменски фонд за давање гаранција на банките за кредитите наменети за ублажување на ударот кој коронавирусот и го нанесе на економијата.

извор: Makfax