x

Италија даде „зелено светло“ за враќање на навивачите на стадион

seria-a111111111111

Италијанскиот шампионат Серија А, од следното коло ќе се игра пред гледачи. Оваа одлука е донесена, ја објави министерот за Спорт Винченцо Спадафора кој истакна дека полека се враќаат нормалните текови на спортските ивенти.

Како појдовен настан со гледачи ќе е одбран полуфиналниот меч од тенискиот турнир во Рим. Нормално, нема веднаш да се пристапи кон исполнување до максимум на капацитетите на спортските објекти и најпрво ќе се започне со само 1000 гледачи на секој натпревар.

Министерот додаде дека уверен е дека ситуацијата ќе оди на се подобро и дека бројката на навивачи на спортските натпревари рапидно ќе се зголемува.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата