Италијанската служба за цивилна заштита собра над шест милиони евра од донации преку СМС пораки за настраданите од катастрофалниот земјотрес, кој минатата недела го погоди централниот дел на земјата.

Бројот за донации беше објавен на 24 август, на денот на земјотресот, во кој загинаа најмалку 290 луѓе, а стотици домови се разурнати во неколку области во централниот дел на Италија.

Најпогоден е градот Аматриче, каде до овој момент е потврдена смртта на 230 лица. Во Акумоли нашле загинале 11 лица, а во Аркуата дел Тронто – 49.

Службата за цивилна заштита соопшти дека нема да се прифаќаат донации во вид на прехранбени производи.

Освен државните органи, со собирање на средства за настраданите се занимаваат и невладините организации, како и медиумите.