Италија ги лажираше бројките на починати од коронавирус, станува збор за измама. Повеќе од 96 отсто од Италијанците не починаа од ковид-19, туку од хронични болести, тврди италијанскиот пратеник Виторио Сгарби и вели дека целата хистерија околу коронавирусот била една голема измама.

25.000 луѓе не починаа од ковид-19, како што велат последните податори на Италијанскиот завод за јавно здравство. Не ги користете мртвите за реторика и за тероризам, рече пред колегите пратеници Сгарби.

Починатите во Италија од ковид-19 главно беа кремирани. Италија има најголема стапка на смртност од грип во Европа поради големиот број на возрасно население. Просекот на мртвтите оваа година бил над 80 години. Станува збор за лица со хронични болести.

Како што пишуваат медиумите, во сезона на грип во Италија починале 25.000 лица, а само во јануари 2019 годидна починале 68 илјади лица, а никој не кревал паника поради тоа и луѓето не беа во карантин, пишува хрватскиот портал „Флеш.хр.“