Трагични слики од Италија пролетта го обиколија светот кој доби сериозни докази за тоа што може да направи новиот коронавирус

Покрај илјадници нови случаи и стотици смртни случаи на ден, земјата до денес има вкупно нешто над 198.000 луѓе кои го преживеале Ковид-19.

Од вкупниот број заразени лица, 15 проценти починале, а сè уште не е познато со какви здравствени последици се соочуваат сите оние кои успеале да се изборат со вирусот.

Заради големата траума што ја минале во борбата против овој вирус, италијанските лекари ја забележааа сметката која Ковид-19 ја остави на излечените луѓе. Д-р Пјеро Клаварио, кардиолог и специјалист за физикална медицина од болницата во Џенова, за „Вечерњи“ откри какви последици оставил вирусот.  

 Набргу по почетокот на епидемијата „Ковид-19“, сфативме дека порано или подоцна ќе треба да се грижиме и за преживеаните од „Ковид-19“. Во исто време, нашиот диспанзер беше затворен и решивме да го претвориме центарот за срцева рехабилитација во центар за проценка и евалуација на лицата кои страдаат од Ковид-19 – објаснува д-р Клаварио.

Ваквите центри, или барем некоја форма на организациска медицинска пракса, очигледно ќе бидат потребни и во други земји, и веќе се зборува за пост-коронарен синдром. Како се манифестира овој синдром, сведочат д-р Клаварио и неговите соработници, кои поради искуството на епидемијата во Италија, прво очекуваа дека ќе следи борба со последиците врз белите дробови излечени од оваа болест.

– Повеќето италијански лекари се плашеа од хронични последици на белите дробови и досега видовме одреден број од нив, но не толку колку што очекувавме. Главното прашање е дали луѓето се чувствуваат нормално по „Ковид-19“ или нивните капацитети се намалени и зошто. Одговорот е дека повеќето имаат психолошки симптоми и околу 15% од нив имаат посттрауматско стресно нарушување. Повеќето од нив имаат намалени функционални капацитети, намалени капацитети за физичка активност и тоа е главно причина за губење на силата во мускулите – објаснува докторот.

Тој додава дека пациентите едноставно не се чувствуваат добро, што според претходното искуство се припишува на губење на јачината и мускулните проблеми. Добрата вест, вели тој, е дека тие можат многу брзо да закрепнат за време на рехабилитацијата и додава дека треба да се предупредат луѓето дека може да се чувствуваат лошо по инфекција со коронавирус, но дека тоа нема да трае вечно.

– Всушност, на почетокот не знаевме ниту какви потреби ќе имаат овие пациенти, така што ова не е програма на еден оддел, туку најмногу од сите болнички одделенија. Секој излечен од „Ковид-19“ во оваа болница ќе го започне своето закрепнувње