Италијански астронаут Лука Пармитано е подготвен за првиот „вонземен“ диџеј сет со кој ќе ги забавува илјадниците посетители на Ибица пуштајќи им музика од Меѓународната вселенска станица (ИСС), пренесува РТ.

„Пармитано ќе го направи своето деби како прв вселенски диџеј од модулот на ИСС, „Колумбус“ каде ќе ја користи музиката како начин за поврзување низ културите“, соопштија од Европската вселенска агенција (ЕСА).

Астронаутот ќе им се обрати на љубителите на музиката во Ибица кога неговиот сет ќе биде пуштен на крстарењето World Dome Club Domе кога бродот ќе биде закотвен на Ибица вечерва.

Пред да тргне на ИСС на 20 јули, Пармитано зеде неколку лекции за диџеј од Ле Шуук, кој има искуство со настапи во необични услови откако минатата година пушташе сет во нулта гравитација.

извор: Makfax