Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска поднесе оставка откако се продлабочија несогласувањата со вицепремиерот и лидерот на Лига, Матео Салвини.

Во обраќањето во Парламентот, Конте го обвини Салвини дека сопствениот интерес го става пред државниот, пренесе агенцијата „Танјуг“.

„Одлуката на Салвини (да ја разниша коалицијата) е сериозна и има значителни последици по економскиот и социјалниот живот на земјата“, посочи Конте.

Лига бараше изгласување недоверба на владата на Конте, но тој тоа го избегна и сам поднесе оставка.

извор: Makfax