x

Италијанскиот министер за спорт: Фудбал ќе се игра дури на есен

Нема ништо од Серија А сезонава. Очигледно дека и Италијанците ќе го следат примерот на Франција, Белгија и Холандија, кои ги прекинаа и официјално државните фудбалски шампионати, и се завртеа кон следната сезона.

Така очигледно ќе биде и во Италија, каде што денеска Министерот за спорт Винченцо Спадафора даде опширна изјава во која ги образложува причините зошто Италија е најблиску до одлуката која веќе ја донесоа гореспоменатите земји.

„Сите сме обожаватели на фудбалот но мора да се мисли на здравјето на фудбалерите, на сите инволвирани и на навивачите. Не смееме да дозволиме да ни се повтори она што се случи со коронавирусот. Штом се створат реални услови за фудбал ние ќе продолжиме но засега тоа не е можно. Реалноста е таа, и Француското Холандското и Белгиското сценарио е возможно и реално да се случи и кај нас. Да сум на местото на клубовите во Серија А, веќе би размислувал за следната сезона. Од она што можам да го прочитам како изјави на претседателите на клубовите сите се речиси шампионатото да не продолжи“ – изјави Италијанскиот министер за спорт.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата