Италијанскиот министер за образование, Лоренцо Фјорамонти поднесе оставка откако Владата не успеа да издвои повеќе средства за училиштата и факултетите во буџетот за следната година.

„Ја прифатив оваа функција само со една цел, а тоа е радикално да ја сменам болната состојба во која со децении се наоѓаат училиштата, факултетите и истражувачките установи“, напиша Фјорамонти на Фејсбук, кој писмената оставка ја поднел синоќа до премиерот Џузепе Конте, по усвојувањето на буџетот за 2020 година.

Тој додава дека Владата немала доволно храброст да инвестира адекватни средства во неговиот ресор. Фјорамонти претходно рече дека ќе поднесе оставка доколку трошоците за образованието не бидат зголемени за најмалку три милијарди евра.

извор: Makfax