Италијанската полиција уапси 15 лица во рамки на истрагата за влез во калабриската мафија во италијанскиот огранок на германскиот ланец на продавници „Лидл”.

Сите 15 уапсени лица, меѓу кои е и локалниот одборник од Милано, се осомничени дека примиле одреден износ пари на семејството Лаудан од мафијашкиот клан Ндрангета за му овзможат влез во „Лидл”, соопшти заменичката на јавниот обвинител од Милано, Илда Бокасини.