Еден Италијанец после мозочен удар прозборел со словенечки акцент, иако никогаш не престојувал во држави со словенско говорно подрачје, и е прв случај документиран во таа земја.

Тој се опоравил откако пред три години доживеал мозочен удар во десната хемисвера на мозокот, и нема когнитивен дефицит, но зборува со странски акцент. Тоа е прв случај во Италија, а трет во свет кој се однесува на мозочен удар во десната хемисвера на мозокот.

Студија за случајот на 50. годишниот Италијанец кој после мозочен удар прозборел со странски акцент, водена е од тим на научници од Универзитет во Падова а објавена во списанието Кортекс.

Како што е наведено, анализата покажала дека “повредата на мозокот предизвикала промена на место и начин на артикулација на некои самогласки кај пациентот што довело до перцепција на странски акцент“.

Во научната литература опишани се 115 случаи на “синдром на странски акценти“, а од 1800 година до денес само три пациенти доживеали мозочен удар во десната мозочна хемисвера и го развила тој синдром.