Џузепе Матарацо (45) беше убиен во јули минатата година во италијанскиот град Фрасу Телисино, 35 километри оддалечен од Неапол.

Непосредно пред убиството излегол од затвор каде што поминал 11 години за сексуална злоупотреба на две тинејџерки, а полицијата се сомнева дека убиството било нарачано од таткото на една од жртвите, пишува „Дејли мејл“.

15-годишната ќерка на таткото осомничен за убиство извршила самоубиство кратко време откако Џузепе Матарацо бил осуден и затворен.

Платениот убиец од автомобил испукал пет куршуми во педофилот Џузепе Матарацо откако сопатникот го застанал и го прашал како да стигнат до едно место.

Полицијата испитува дали убиството било нарачано од таткото на една од жртвите. Уапсени се двајца мажи за кои се верува дека управувале со автомобилот од кој било извршено убиството. Таткото на жртвата сè уште не е уапсен, само е под истрага.

извор: Makfax