За зајакнување против вируси и бактерии се препорачува терапија со лимон во текот на шест недели. Покрај свежо исцедениот соц од лимон, за терапија е потребна и јаболкова киселина, која можете да си ја купете од било кој маркет или можете и да ја направите и дома.

Киселина со лимон

Подгответе 4 лимони и 7,5 децилитри јаболкова киселина. Исцедете го сокот и ставете го заедно само со жолтата кора во тегла од еден литар. Загрејте ја јаболковата киселина на 50 до 60 степени и потоа ставете ја во теглата со лимонот. Затворете ја добро теглата и протресете, па оставете да одстои 2 недели на собна температура. За тоа време теглата тресете ја секој ден. После две недели киселината со лимонот исцедете ја со цедилка. Потоа можете да го употребувате и за салати, за подготовка на риба бидејќи е извонреден зачин.

Терапија со лимон

За терапијата која треба да се практикува секој ден ви се потребни 6 лимони и шише од 100 милилитри. Шишето треба да биде со заматено стакло како лимоновиот сок би се сочувал од штетни влијанија од светлината.