На социјалните мрежи се споделува апелот за помош за пронаоѓање на скопјанецот Аврам Петкоски.

На момчето секоја трага му се губи во понеделникот наутро, а од семејството молат за какви било информации.

Случајот е пријавен и во СВР Скопје, од страна на неговиот брат С.П.(31) од Скопје. Тој пријавил дека неговиот брат А.П.(33), кој бил со здравствени проблеми, утрото излегол од дома.