Исчезна уште едно дете од дОМОТ „ 25-ти Мај”. Како што во билтенот на МВР, вчера околу 16 часот во Полициската станица Чаир, социјален работник од домот „25-ти Мај” пријавила дека на 25.03.2018 година од домот во непознат правец се оддалечил 12-годишен штитеник од Кавадарци.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.