Од Клиниката за фиксна протетика на Стоматолошкиот клинички центар во Скопје неодамна исчезнал потрошен материјал и опрема во вредност од неколку илјади евра, тврдат вработени во оваа здравствена установа. Директорот на д-р Хасан Мехмети и покрај нашите обиди остана недостапен да ги потврди или да ги демантира ваквите информации кои се вртат меѓу вработените на Стоматологија.
Според она што се говори меѓу вработените, кражбата, ако така може да се нарече, се случила пред или за време на новогодишните празници. Меѓутоа, раководството на Центарот од непознати причини не го пријавува случајот. Наводно, изчезнал потрошен стоматолошки материјал, сетови за изработка на порцелански коронки… Материјалите и опремата биле под клуч во посебен шкаф. Тој не е обиен, но она што било внатре го снемало. (Р.Н.)