Најновите истражувања покажаа дека новиот, мутиран вид на коронавирус се шири полесно, но е помалку опасен од оригиналниот.

Исто така, откриено е дека мутираниот вид на вирусот не ја променил својата физичка форма, односно треба да биде подеднакво подложен на имунолошкиот одговор на организмот – без разлика дали е природен или е предизвикан од вакцина, пренесува Си-Ен-Ен.

Американскиот истражувачки тим го тестираше вирусот на лабораториски животни и во лабораториски услови.

Варијантата покажува поефикасна инфекција, репликација и конкурентна способност во примарните епителни клетки на дишните патишта на човекот, заклучиле истражувачите.