Излезе истражување кое ги теши сите оние кои немаат коса. Американските научници минатата недела објавија во “Journal of Clinical Oncology” дека оние кои ја изгубиле косата на челото имаат помала веројатност да бидат заболени од рак на простата во споредба со оние кои ја имаат целата коса на главата.

Истото важи и за тумор на тестисите.

Истражувачите велат дека сè е поврзано со високото ниво на тестостерон, за кое се смета дека придонесува за опаѓање на косата. „Тестостеронот е неопходен за функцијата на ерекцијата и страста.

И феромоните, „честичка на заведувањето“ и иницијатор на чувството на привлечност, се под влијание на тестостеронот, вели професорот Оливер во “Journal of Clinical Oncology”.