Истрагата за предметот „Рекет“ мрдна од мртва точка откако обвинителите се вратија од одмор. Деновиве е раздвижено во Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое го води обвинителката, Вилма Русковска. До сега исказ дадоа обвинителките Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, а денеска сведочи и обвинителот, Бурим Рустеми, пишува Фокус.

-Веројатно ќе се прошири, но спрема колку лица во овој момент не може да се каже, неопходно е да се направи сумблимат на изведените докази и оние што следните денови ќе бидат изведени – велат од Обвинителство за „Фокус“.

Во меѓу време зоврива ситуацијата во Специјалното јавно обвинителство. Обвинителите веќе покажуваат отворена нетрпеливост кон Јанева и незадоволство од нивната шефица, која го урнисува кредибилитетот на институцијата. Последниот инцидент каде обвинителката Фатиме Фетаи плукнала кон камерата во СЈО и употребила пцовка, од револт што е претресувана на нејзиното работно место, укажува дека на Јанева повеќе никој не и го чува грбот. Нејзините постапки, пак, покажуваат дека и таа повеќе нема доверба во обвинителите.