x

ИСТОРИЈА (1998-1999): Кога Шахтјар Доњецк и Бриж гостуваа во Кратово, а Силекс го победи славниот украински тим!

Во 90-тите години од минатиот век, Силекс беше еден од најдобртите, во некои моменти и најдобар клуб во Македонија. Освјуваше титули како од шега, играше и во Европа. Можете ли да замислете дека во летото 1999 година во Кратово гостуваше еден Шахтјар Доњецк, славниот украински тим, редовен учесник во групната фаза во Лигата на Шампионите. И Силекс против таков клуб успеа да победи дома со 2:1, во вториот меч од квалификациите во Купот на УЕФА, и за само еден гол не успеа да го елиминира тој силен тим. На 26 август 1999 година во Кратово, со головите на Игњатов и Симовски, домашните победија со 2:1, но во Доњецк беше 1:3 за Шахтар.

Стадионот во Кратово беше преполн, а Силекс играше во состав: Угреновиќ, Игњатов, Лилиќ, Митрески, Новаков, Гошев, П.Стојанов, Ѓокиќ, Коврлија, Симовски, Ѓошевски. Играа уште и Трајчев, Иванов, Танушев. 

Една година претходно, во Кратово пак дојде Бриж, еден од најголемите клубови во Белгија. Тоа беше меч од првото квалификациско коло во ЛШ. На 22 август 1998 година тоа беше празник на фудбалот во Кратово и околината, како никогаш дотогаш трибината „крцаше“. Веројатно рекордни 5.000 гледачи. И нашиот Силекс одигра 0:0 со тој славен тим, но со вкупни 1:2 беше елиминиран.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата