x

ИСТОРИЈА (јуни 2002): Попладнето кога Бате Ване беше претепан во ложата на Градски! (ВИДЕО)

Во јуни 2002 година, во рамките на претпоследното коло во ПМФЛ, на Градски во Скопје се сретнаа Вардар и Беласица. И двете екипи беа силни, со Ѓоко Хаџиевски (Вардар) и Драган Канатларовски (Беласица) како тренери. Во случај на победа струмичани имаа големи шанси да бидат прваци, со оглед на тоа дека во последното коло играа дома, а Вардар играше на Чаир. Беласица поведе со 1:0, Вардар израмни па се се реши во последното коло на Чаир, кога „црвено – црните“ беа шампиони.

Но нели, требаше да се одигра на Чаир. Токму затоа вардаровите навивачи беа гневни на тоа дека Беласица не е победена, и сиот свој револт и гнев го „истурија“ врз, сега веќе починатиот, инаку легендарен претседател на струмичкиот клуб, Ванчо Таковски.

Во ложата на Јужна на Градскиот стадион во Скопје, популарниот Бате Ване беше нападнат а и претепан од страна домашните фанови.

Се разбира дека сите го осудија тој срамен чин.

Погледнете го видеото драги читатели, и потсетете се на настаните од тоа јунско попладне во 2002 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата