Историчарите потврдија дека премиерот Зоран Заев разговара за идентитет.  Одеднаш придавката македонски стана проблем за Бугарија, што беше потврдено и на денешниот состанок на заедничката комисија за историски и образовни прашања.

Претседателот на македонската комисија Драги Ѓорѓиев истакна дека  на состаноците со бугарската комисија постои проблем со разбирањето на македонскиот јазик, култура, традиција историја и дека се вметнува и прашањето за Преспанскиот договор.

Постои различно толкување на Преспанскиот договор. Според бугарските колеги употребата на придавката македонски е лимитирана целосно без оглед како се толкува и како е запишана од наша страна. За жал тоа останува проблемот со придавката, се разговара на повисоко ниво, вели Ѓорѓиев

Темата за Преспанскиот договорја отвори и бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов кој во ноември за БНТ изјави дека Бугарија бара писмен документ или нов договор.

– Да, треба да има писмен документ, јас на изјавите на скопските политичари и министри не верувам. Три години слушаме само убави нешта. Прво, јасно и категорично признание за тоа дека историјата на Македонија до 1944 година е дел од историјата, културата и јазикот на бугарскиот народ. Второ, нивните напори за создавање на некаков посебен идентитет, датираат после 1944 година. Трето, и покрај ова, на територијата на Република Македонија има луѓе, кои и покрај државната политика имаат бугарски чувства и го нарекуваат својот јазик бугарски. Анекс го кажав, може да е меморандум, може да е нов договор, како сакате речете го, идејата ми е да биде потпишан, затоа што не им верувам на убавите изјави, рече тој.

Дека придавката македонски, според Преспанскиот договор е проблем, потврди и предводникот на бугарската комисија, Ангел Димитров,

– Јасно е дека некој суштински работи за што имавме сигнали, денешната средба ги потврди, една од нив е поврзана со политички и суштински и констатирана пракса, нашите колеги откажаа да ги потпишат записниците и настојуваат да се стави македонски, а тоа не е во согласност во воспоставената практика. Имаме две средби без записници, без документ за дискусиите и одлуките работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање за желба да се работи со резултат, рече Димитров.