Историски рекорд на невработеност
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски информира дека вчера била објавена новата стапка на невработеност од страна на Државниот завод за статистика за првиот квартал од оваа година, според која невработеноста во земјава во однос на последниот квартал од минатата година или за 1,5 отсто за цела година. “Тоа е многу загрижувачки, бидејќи сега постигнавме нов историски рекорд во невработеноста од 38,7 отсто”, рече Груевски. Притоа тој потенцираше дека во Македонија има два начина за пресметување на невработеноста, еден што го презентира владата, односно оној на Заводот за вработување и вториот што е единствено меѓународно признат – на Државниот завод за статистика кој според Груевски е валиден. “Се друго е играчка за домашна употреба”, смета Груевски.