x

Историски настап: Аземи обезбеди најмалку бронза на ЕП во бокс за јуниори!

azemi-mkd-boks

Македонскиот боксер Ардијан Аземи го обезбеди бронзениот медал на Европското првенство за јуниори во Будва, откако во четвртфиналето го победи Хрватот Дује Гачина со едногласна одлука на судиите. Аземи сега е во позиција да се бори и за финале, откако сигурно станува носител на бронзата во случај на пораз во полуфиналето.

Македонија на европските првенства во бокс нема медал повеќе од 20 години. Останува да се почека неговиот ривал во следната фаза, иако со пристапот, Аземи во категоријата до 91 килограм и двете победи покажа дека е подготвен за голем резултат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата