Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп издале заедничко соопштение во знак на сеќавање на врската помеѓу американските и советските трупи во Втората светска војна против нацистичка Германија, и пример како нивните земји можат да соработуваат.

Повод за заедничко соопштение е одбележање годишнина од средбата на 25 април 1945 година, кога советските војници, кои напредувале кон исток, и американските трупи, кои се движеле од запад, се сретнале на мостот на реката Елба во Германија.

“Овој настан најавил решителен пораз на нацистичкиот режим. “Дух на Елба“ е само пример како нашите земји можат да ги поништат разликите, да градат доверба и соработка во потрага за повисоки цели“ – се наведувало во соопштението.

Соопштението на Трамп и Путин, доаѓа по напорите на американско-руските врски околиу низа прашања, од контрола во наоружување и интервенција во Украина и Сирија до обвинувања од САД дека Русија ја проширила дезинформацијата за нова пандемија на корона вирус како и мешањето во американската изборна кампања.