x

Историска одлука во НБА лигата: Кошаркарите нема да бидат тестирани на марихуана

nba-logo

Раководството на НБА лигата нема да ги тестира кошаркарите на марихуана, што е една од најголемите одлуки во историјата на најсилната светска кошаркарска лига. Актуелниот колективен договор меѓу Здружението на играчи и НБА лигата важи до крајот на 2023/24, а на листата на забранети супстанции се наоѓаше и марихуаната. Според правилникот, играчите имаа право на два позитивни теста, а доколку и трет пат бидат позитивни тогаш автоматски им следува суспензија од пет натпревари.

Но, раководството на НБА за новата сезона одлучи да не врши тестови на марихуана, како што веќе беше направено во Орландо каде што беше одржана завршницата и плеј-офот.

Одлуката за „легализирање“ на марихуаната е дел од правилата за сигурност во екот на пандемијата и за цел има да се смалат непотребните директни контакти на лицата од антидопинг системот и кошаркарите.

А другите профи-спортови во Америка – МЛБ и НХЛ веќе дозволија конзумирање на марихуана меѓу играчите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата