x

Историска декада за Шкендија: Шест трофеи, три настапи во плеј-офот во Лига Европа!

Од таборот на Шкендија се пофалија дека изминатава деценија е историска за клубот, најуспешна во клупската историја. И кога ќе се видат бројките навистина е така. Шкендија во последните десет години, заедно со Вардар, прерасна во водечки клуб во Македонија.

А се започна во таа 2010/2011 сезона, кога тетовци се вратија од Втората во Првата лига, и одма станаа шампиони. Тренер беше Ќатип Османи. Ја вратија круната во сезоната 2017/2018 со дури +35 бодови во однос на Вардар, а ја задржаа и во следната. И тогаш тренер беше Османи. Шкендија во изминатите десет години играше четири пати во финалето во Купот на Македонија, а двапати го освојуваше пехарот. И Шкендија во 2011 го освои и Супер купот на Македонија.

Кога сме кај Европа, клубот од Тетово, кој во 2013 година доби најдобар можен спонзор во името на „Еколог“, имаше три пласмани во плеј-офот во Лигата на Европа. Останува да се жали по тоа што тетовци не успеаја барем еднаш да се најдат во групната фаза во ЛШ или ЛЕ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата